„Алкалоид“ доби прва награда за општествената одговорност од ЦИРа

Bez autora
Jul 16 2013

Најголемата фармацевтска компанија во земјава „Алкалоид“ доби прва награда од Центарот за институционален развој (ЦИРа) за севкупна посветеност кон општествената одговорност. Компанијата ја доби оваа награда како резултат на повеќе реализирани носечки проекти. Воведувањето корпоративен весник „Здравјето, пред се'“, како метод со кој се унапредува и модернизира интерната комуникација во компанијата, стипендирањето студенти од Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при УКИМ од Фондација „Трајче Мукаетов“, акцијата „Биди ми пријател“ во соработка со Здружението за борба против рак „Борка - за секој нов ден“ и средствата одвоени за опремување на Одделот за детска онкологија при Клиничкиот центар во Скопје, добивањето интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и континуираното вложување во едукација и развој на вработените.

„Алкалоид“ доби прва награда за општествената одговорност од ЦИРаНајголемата фармацевтска компанија во земјава „Алкалоид“ доби прва награда од Центарот за институционален развој (ЦИРа) за севкупна посветеност кон општествената одговорност.

Компанијата ја доби оваа награда како резултат на повеќе реализирани носечки проекти. Воведувањето корпоративен весник „Здравјето, пред се'“, како метод со кој се унапредува и модернизира интерната комуникација во компанијата, стипендирањето студенти од Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при УКИМ од Фондација „Трајче Мукаетов“, акцијата „Биди ми пријател“ во соработка со Здружението за борба против рак „Борка - за секој нов ден“ и средствата одвоени за опремување на Одделот за детска онкологија при Клиничкиот центар во Скопје, добивањето интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и континуираното вложување во едукација и развој на вработените.

„Овие проекти се дел од политиката за општествена одговорност и традиција на ’Алкалоид‘. Грижата за општеството и за средината во која компанијата дејствува, нејзино унапредување и развој, се приоритет при мисијата со своето општествено одговорно однесување и целосна посветеност кон реализација на општествено одговорни проекти да ги подигне стандардите во пристапот на целокупната бизнис-заедница“, стои во соопштението од „Алкалоид“. ЦИРа и минатата година, на петтиот јубилеј од своето постоење, му додели две награди на „Алкалоид“, и тоа во категориите однос кон вработените и однос кон животната средина.

Годинашнава награда и' беше доделена на компанијата во рамките на традиционалната шеста церемонија, на која беа доделени наградите за филантропија и за општествена одговорност за 2012 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik